Press "Enter" to skip to content

Капинковски прозиваше, фудбалерите на Пелистер го одржаа првиот тренинг во Битола (фотогалерија)

Попладнево на стадионот “Петар Милошевски“, под Тумбекафе во Битола официјално беше отворена новата фудбалска сезона 2025/26 во која екипата на Пелистер ќе се обиде да биде стабилен прволигаш.Денес “пелистерци“ започнаа и со нов борд на директори, на чело со Александар Стефановски, кој во име на Општина Битола им се обрати на фудбалерите и стручниот штаб, при што рече:-Оваа сезона тимот на Пелистер ќе го раководи нов Управен одбор составен од вработени во Општина Битола, а да напоменам дека Општина Битола и стопроцентен акционер на клубот. Јас како одговорен за спорт ќе бидам и генерален извршен директор на ФК Пелистер АД и во мое име и во име на Општината сакам да ви посакам добредојде во оваа сезона во која започнуваме и со нов тренер, битолчанецот Димитар Капинковски.-Сакам да ви посакам успешна сезона, без повреди, а ние очекуваме од вас да дадете се од себе, да се посветите на подготовките и тренинзите, кои не се само физички тренензи туку имаат и за цел да се сплотите, да бидете едно семејство. Ние сме тука за се што ви треба, за време на работното време сме во Општина Битола, а преку тренерот и капитенот секогаш сме отворени за вас, рече Стефановски.Од пред десетина дена нов шеф на стручниот штаб е Димитар Капинковски.Капинковски на првата прозивка искажа благодарност до Управниот одбор за довербата која му е дадена по четири години да биде повторно во клубот на чело на стручниот штаб.-Голема е чест и обврска да се биде на чело на клуб како Пелистер кој секогаш се залага за подобри успеси од сезона во сезона. Оваа година лигата има три екипи кои испаѓаат, а две екипи играат бараж и ќе биде доста тешка сезона. Ние го прифативме предизвикот, и јас и вие, и мораме тоа да го оправдаме.Во стручниот штаб со Капинковски ќе бидат Вангел Алтипамаковски, Борче Маневски, Горан Пашовски и Саше Велјановски.По прозивката се одржа и првиот тренинг кој беше и тест за фудбалерите, а од утре започнуваат со тренинзи. Од ланската екипа присутни беа само дел од фудбалерите со постоечки договори и оние кои летово потпишаа нови (Ристевски, Гроздановски, Миленковски, Трајковски, Наумоски, Керим), како и најзвучно засилување е враќањето на Стефан Спировски.Кон првиот тим се приклучени и најталентираните младинци Јован Мрмарчевски, Андреј Мурговски и Ерџан Фејзуловски.-Главната цел е стабилизација, без проблеми да останеме во Првата лига, со надеж за пласман на погорните позиции. Во текот на подготовките ќе дефинираме уште некои работи и ќе се обидеме правилно да ја темпираме формата. Ќе добиеме нови играчи и затоа ќе работиме на воигрување на тимот. Се надевам дека ќе донесеме правилни одлуки, кои ќе резултираат со посакуваниот епилог, рече Капинковски.Во име на фудбалерите зборуваше и капитенот Мирко Ивановски кој на сите им посака успешна сезона, без повреди и исполнување на целите кои ќе бидат определени од Управата и фудбалерите. Екипата ќе тренира во Битола, без подготовки во друго место,  а во втората фаза ќе одигра пријателски натпревари со Струга Трим Лум, Трајал Крушевац, Егалео, Охрид…Пелистерци минатата сезона завршија на шестото место, а новата сезона ќе ја почнат на на 8, 9 или 10 август.Промоцијата на новиот проект на ФК Пелистер започна назначување на новиот координатор на пионерско-младинската школа, Марјан Секуловски.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »