Press "Enter" to skip to content

Американката Shynique Nicole Mc Gee мега засилување на Пелистер Волеј од Битола

Одб0јкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола денес го официјализира првото мега засилување за претстојната сезона, Американката Shynique Nicole Mc Gee од САД.

Mc Gee ќе бидр запишана како прва Американка во редовите на Пелистер Волеј, која доаѓа од универзитетот на Атланта САД, а ќе настапува во Битола.

Mc Gee е одбојкарка која игра на позицијата примач, има голема страст кон одбојката, огромни лидерски способности исполнети со неверојатна офанзивна моќ и тимски дух, како и конзистентност на теренот.

Mc Gee два пати е прогласена за најкорисен играч, имала најмногу офанзивни поени во историјата на колеџот, најмногу дабл-дабл во кариерата, била MVP (2023–2024 и 2024–2025), како и најкорисен играч на годината во претсезоната на SIAC со надминати 1.000 поени од напад во кариерата.

-Она што подолг период го најавувавме како клуб почнува да се реализира, со континуирана поддршка од своите спонзори, а деновиве и огромната поддршка од Општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски со новата платформа. Ова е само почеток, а клубот е во план и преговори за нови засилувања, соопштија од Пелистер Волеј.

More from СпортMore posts in Спорт »