Еурофарм Пелистер од Битола го официјализира петтото засилување ова лето, се работи з 29 годишниот Ник Хенигман кој потпиша на една сезона, со опција за уште една ако двете страни бидат согласни.
Ник Хенигман е искусен лев бек, кој во кариерата играл за домашната Рибница, унгарскиот ПИК Сегед и француските клубови Сант Рафаел и Шартр.
За словенечката репрезентација одигра скоро сто натпревари, од 2016 година до денес, а најголем успех му е бронзата од Светското првенство во Франција во 2017 година. Хенигман е висок 201 сантиметар, поседува квалитет и харизма, кој лесно беше забележлив во сите негови клубови и националната репрезентација.
Неговото претставување во Битола е предвидено на крајот од јули, по почетокот на подготовките на екипата за сезоната 2025/26.
со опција за уште една ако двете страни бидат согласни. Се работи за искусен лев бек, кој во кариерата играл за домашната Рибница, унгарскиот ПИК Сегед и француските клубови Сант Рафаел и Шартр. За словенечката репрезентација одигра скоро сто натпревари, од 2016 година до денес,
Неговото претставување во Битола е предвидено на крајот од јули, по почетокот на подготовките на екипата за сезоната 2025/26.











