Фудбалскиот судија од Битола, Благојче Ралевски успешно го помина процесот кој траеше повеќе месеци, со интензивни обуки, практична работа и симулации, а кулминираше со серија тест натпревари со реална примена на “ВАР“ системот и како резултат на тоа доби “ВАР“ сертификат.
Целата обука се одвивање во “Куќа на фудбалот“, а во присуство на судиите, “ВАР“ проектниот тим, “replay“ операторите и едукаторите од ФИФА, свечено беа доделени сертификатите за првата генерација “ВАР“ судии во Македонија.
По завршувањето на целиот процес, Благојче Ралевски ни рече:
-По завршената обука за “ВАР“ судиа, сега сум сертифициран од страна на Фудбалската федерација на Македонија. Овој чекор за мене претставува повеќе од личен успех – тоа e симбол на посветеноста, истраноста и љубовта кон судиската професиза. Низ целиот процес имавме привилегија да учиме во надобри можни услови, на високо професионално ниво, достојно за европски стандарди, надгледувани од FIFA инструкторот од Србија, Далибор Ѓурѓевиќ, кој го води “ВАР“ системот во Русија, а неговото искуство и пристап оставиза силен и позитивен впечаток врз сите нас, заедно со инструктор од Холандија. Новата фудбалска сезона ќе започне со “ВАР“ за прв пат кај наси додава:
-Воведувањето на “ВАР“ системот во Македонија ќе придонесе во рагуларноста на натпреав рите и првенството, ќе се подобри довербата во судиите и феј-плејот ќе се подигне на повисоко ниво. Ќе се намалет судиските грешки, големи грешеки, што и е целта на “ВАР“ системот. Секако нема за сто проценти да се избегнат грешките бидејќи секогаш кога има човечки фактор грешки се провлекуваат, но во најголем дел ќе се намалат и истите ќе се минимизираат.
Македонија во првата група која ќе старува во првото коло ќе има дванаесет “ВАР“ судии, и уште толку помошни “ВАР“ судии. Од целиот процес Ралевски изработи по своја волја скрипта – прирачник за “ВАР“ судии за што вели:
-Се што работевме во изминатиот период, за кој морам да повторам дека не беше лесно, го “ставив“ во прирачник за во иднина доколку сака некој кандидат да учествува во процесот за “ВАР“ судија да му биде полесно и да го искористи нашето знаење и искуство од првиот процес, а за тоа што значи ова за него тој додава:
-Ова за мене е голем успех, уште повеќе што сум дел од првите судии кои ќе го применат и ќе работаат на “ВАР“ системот во Македонија. Секако сум благодарен на Фудбалската федерација на Македонија, на претседателот Омерагиќ и комесарот за делегирање за довербата која ми е укажана и се надевам дека ќе ја оправдам и сите заедно ќе донесеме нешто ново во македонскиот фудбал.
Благојче Ралевски не останува на ова тука продолжува во развој на судиската кариера.
–На 31 јули ќе дебитирам како четврти официјален судија на напревар под покровителство на UEFA, Банга против Розенбортг, кој се одигра во Литванија, во рамките на конференциската лига. Ова делегирање за мене е резултат на години посветена работа и љубов кон фудбалот и судиската професија.
Сашо Ристевски











