Press "Enter" to skip to content

Еуроофарм Пелистер се договори со тренерот Раул Алонсо кој потпиша двегодишен договор со Лајпциг

По неполна година помината во Битола на чело на Еурофарм Пелистер како тренер заминува од Битола и веќе е промовиран како нов тренер на бундеслигашот Лајпциг, иако имаше договор, па битолчани веројатно ќе добијат и обештетување.

Веднаш по потврдата од македонскиот првак, пристигна и официјализација на новиот ангажман за Шпанецот.  Лајпциг објави дека се договорил за двегодишна соработка со Алонсо, а тој ќе го поведе тимот на стартот на подготовките за новата сезона. 

Еурофарм Пелистер и Раул Алонсо спогодбено ја прекинаа соработката. До прекин на соработката дојде по барање на тренерот кој поради приватни причини побара да се врати во Германија. Еурофарм Пелистер му се заблагодарува на Раул и му посакува многу успех понатаму!, соопштија од клубот од Битола.

Краток коментар за сајтот на Лајпциг има и од шпанскиот тренер кој кажа:

-Многу сум среќен за новиот предизвик во Лајпциг. Клубот и градот ми даваат добри импресии, исто како и дискусиите со управата. Благодарен сум за довербата и едвај чекам да почнам да работам со тимот, да напредуваме чекор по чекор заедно.

More from СпортMore posts in Спорт »