Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 од Битола оваа година ќе настапува во Супер лигата и доведе уште едноо странско засилување на позицијата десен бек, Французинот Баптист Одифред.
Баптист Одифред е висок 199 сантиметри, одличен стрелец и ракометар со важна улога и во играта во одбрана.
-Францускиот десен бек Баптист Одифред е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Новиот член на Суперлигата го осигура потписот на 26-годишниот Одифред, кој е роден во Гренобл и зад себе има драгоцено искуство во професионалниот ракомет. Во Франција настапуваше за екипите на Дижон и Безансон, па тресеше мрежи за Диферданж од Луксембург и Даидо Стил од Јапонија, а во следните две сезони ќе игра за Еурофарм Пелистер 2, велат од “помладиот“ суперлигаш од Битола.








