Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер од Битола ќе ги игра квалификациите за ЛШ во Бугарија

Бугарскиот град Самоков ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од Лигата на Шампионите од кои дел ќе биде и Пелистер од Битола , беше одлучено од страна на ФИБА Европа.

Една седмица по ждрепката што беше одржана во Лозана, ФИБА реши сите три квалификациски турнири да се играат на едно место – и тоа токму во Самоков, Бугарија.

Притоа, утврдени беа и официјалните календари и термини за одигрување на сите натпревари, па така Пелистер својот четвртфинален меч од групата против италијанската Реџо Емилија ќе го игра на 19 септември со почеток во 15.30 часот.

Доколку победи против Реџо Емилија, Пелистер во полуфиналето од турнирот ќе се сретне со победникот од мечот Орадеа (Романија) – Антверпен (Белгија), меч што би се играл на 21 септември во 13.15 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »