Press "Enter" to skip to content

Ново засилување во Битола, Ева Трпеновска се врати во матичниот клуб, Пелистер Волеј

Одбоојкаркиот клуб Пелистер Волеј од Битола денес официјализира ново засилување. Се работи за Ева Трпеновска која се враќа во својот матичен клуб Пелистер Волеј во Битола на позицијата примач.

-Тоа е одбојкарката од шампионската генерација на пионерската екипа на Пелистер Волеј, од каде започна нејзината мисија во репрезентацијата на Македонија, а откако ги мина сите возрасни категории, каде своевремено беше и капитен стана успешна сениорка. Ева во последните три сезони настапуваше во Брондби во Данска  која како првотимка беше секогаш меѓу најдобрите во својот клуб, каде израсна во една од лидерите и секако со своето искуство има и тоа како да биди од огромно значење на новиот Пелистер кој го градиме со сопствени сили и не само со странски засилувања, туку и со оние кои израснале токму во нашиот клуб, на кои Пелистер секогаш давал и ќе дава огромна почит и значење, соопштија од Пелистер Волеј.
More from СпортMore posts in Спорт »