Цената на сезонскиот билет е 7.000 денари за централните и 6.000 денари за страничните позиции во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола овој пат многу порано од претходните сезони ви нуди можност да го обезбедите вашето место во спортската сала „Боро Чурлевски“ за сите домашни натпревари.
РК Еурофарм Пелистер во понеделник (14 јули) ќе ја отвори можноста имателите на сезонски билет од минатата сезона да го резервираат истото свое место и за сезоната 2025/26. Можноста за резервација може да се изврши во канцеријата на Еурофарм Пелистер. Оваа можност ќе биде отворена до петок (18 јули). Резервацијата ќе биде активна до првиот домашен натпревар (6 септември) и до тој рок треба да се изврши уплата. Во спротивно сезонскиот билет ќе биде даден на продажба.
* клубот дополнително ќе ги извести имателите на сезонски билети кога ќе биде извршена размената од хартиен во пластифициран сезонски билет.











