Press "Enter" to skip to content

“Чкембари“ Битола ќе го организираат 3. по ред “Чкембарски турнир“

Во дворот на основното училиште “Тодор Ангелевски“ во Битола, сабота, 19 јули ќе се одржи 3. по ред “Чкембарски турнир“ кој го организира навивачката група “Чкембари“ од Битола.

На првиот и вториот “Чкембарски турнир“ се појавија покрај членовите на навивачката група “Чкембари“ и сите нивни подгрупи кои се во Битола, а се очекува и овој пар да биде така и дворот на “Баирското“ училиште да биде обоен во зелено-бела боја.

-Поканата на “Чкембарите“ за овој несекојдневен спортски забавен карактер во изминатите две години  ја прифатија битолчани, атака ќе биде и на третото издание на “Чкембарскиот турнир“, да покажеме колку сме и да бидеме облечени во разни едиции на чкембарски маици и дресови од спортските клубови кои го имаат името Пелистер, вели еден од организаторите Горан Калешковски – Љутио.

“Чкембарите“ и сите кои ќе бидат просутни ќе се натпреваруваат во мал фудбал, баскет “3х3“, влечења јаже и туркање на рака.

More from СпортMore posts in Спорт »