Марјан Ристовски, крилниот напаѓач е ново име во ростерот на Димитар Капинковски за сезоната 2025/26. Ристовски потпиша на една година и се враќа во ПМФЛ по краткиот период во Грција.
Клубот со кратко соопштение го најави најновото засилување:
-Ростерот на ФК Пелистер за сезоната 2025/26 е посилен за уште едно квалитетно и искусно име од македонските терени. Наш нов член е Марјан Ристoвски, кој потпиша договор на една сезона со ФК Пелистер. Се работи за 28-годишен страничен фудбалер, со акумулирано искуство со настапите во нашата Прва лига. Ристoвски е роден во Гевгелија, а во мак-фудбалот настапувал за Кожуф, Тиквеш, Борец, Работнички, Силекс, Вардар, Брера Струмица и грчка Кавала. Во Првата македонска лига има 124 натпревари и 20 голови. Во есенскиот дел од минатата сезона за Брера Струмица одигра 14 натпревари.
28-годишниот гевгеличанец во првата изјава не го криеше задоволството што пристигна во Битола.
-Пелистер е клуб со традиција и среќен сум што ќе го носам зелено-белиот дрес. Се надевам дека со поддршката од “Чкембарите“ ќе успееме да ги оствариме зацртаните цели за оваа сезона, рече новиот член на битолскиот прволигаш.










