Прволигашот Пелистер од Битола го официјализираше и четвртото засилување, под Тумбекафе доаѓа искусен 32 годишниот централен дефанзивец од Србија, Немања Здравковиќ
Здравковиќ го стави својот потпис на договор со важност од една година.
-ФК Пелистер е посилен за уште еден интернационалец. Нашата одбрана доби на квалитет и искуство, а фудбалското семејство во Битола има уште еден фудбалер од Србија. Централниот дефанзивец Немања Здравковиќ е нов фудбалер на Пелистер. Тој потпиша договор на една сезона и веднаш му се стави на располагање на тренерот Димитар Капинковски, се вели во соопштението на клубот од Битола.
Здравковиќ доаѓа од Дубочица, низ својата кариера играл уште за Металац, Раднички, Напредок и во Литванија.









