Денес во спортскат сала “Боро Чурлевски“ во Битола започна новата ракометна сезона на Еурофарм Пелистер 2, кој по пауза од една година ќе се натпреварува во Супер лигата.
На првиот работен состанок покрај тренерот Александар Зарков, помошникот Михајло Силјанов и другите членови на стручниот штаб Васко Димитровски и Зоран Атанасовски, присуствуваа и потпретседателот на клубот Бојан Стерјев заедно со директорите Ѕвонко Шундовски и Горан Петровски.
На првата средба во спортската сала „Боро Чурлевски“ учествуваа сите ракометари, со исклучок на Иван Младенов, а тренерот Александар Зарков ги претстави новајлиите и при тоа рече:
-На сите кои дојдоа во тимот од младинската селекција на засилувањето Шулевски, на малиот Илија од Неготиво, на Баптист, им посакувам добредојде во тимот, и веднаш да додадам дека од сега сте сите исти без разлика дали сте од ланската сезона или сте од сега. Сега сме одно скалило погоре за разлика од минатата сезона и тоа ќе бара и повеќе работа, поголема десциплина и поголем придонес на сите на тренинг и натпревар. Ќе играат само оние кои заслужуваат, како и лани. Не очекуваат напорни подготовки, не очекуваат силни натпревари, а сите си задаваме задача да стигнеме до плеј-оф, како прва цел, а за понатаму ќе разговараме. Ви посакувам добра сезона, без повреди, а да нема повреди основата е да ги одработиме овие базични подготовки максимално и тоа да биде базата на која ќе се надоградуваме во текот на сезоната.
Помошникот на Зарков, Михајло Силјанов на договорниот состанок додаде:
-Професионализмот треба да биде она што треба не краси како тим, со досегашните играши тоа веќе од лани имаме некои работи кои само треба да ги продолжиме, а новите да се приклучат кон тоа. Се она што досега го имате покажано во младински категории сега мора да биде на повисоко ниво, а сите квалитети ни требаат сега, тука и веднаш. Во оваа екипа се негува култура, почитување кон играчите, клубот, градот, публиката, управата на клубот, а тоа треба да биде секогаш да ви биде во прв план, кога сте во дресот на Еурофарм Пелистер и во сите други прилики.
Потпретседателот на Еурофарм Пелистер, Бојан Стерјев на првата средба и прозивка рече:
-Прво сакам да му посакам добре дојде на новите играчи добре дојде и до младите нови играчи сениори, во име на претседателот Зоран Стерјев и во мое уме. Многу сме среќни што сме сите тука заедно. Претходната година беше тешка за овај тим поради што бевме едно ниво на натпреварување подилу, а оваа сезона која е на почеток сме таму каде и припаѓаме, во Супер лигата. Оваа година мора да имаме некаква цел и да ја постигмеме таа цел, а таа ќе се повторам со тренерот Зарков, да стигнеме до плеј-оф. Исто така да им дадеме шанса на младите играчи да станат вистински играчи и да го зголемат нивното искуство.
Бојан Стерјев соопшти дека капирен ќе биде Стефан Дрогришки, ракометар кој е и треба да биде пример за сите ракометари со својот однос кон клубот и кон ракометарите, а Стефан додаде:
-Ви посакувам успешна сезона на сите ракометари, сезона без повреди, сезона во која ќе бидеме сите поуспешни и ќе се надоградуваме заедно со тренерите и Управата. На новите ракометари им посакувам прво убав престој во нашиот град и во клубот, и сите заедно ја стигнеме до целта која денес сите јасно ја имаме зацртано.
Зарков го образложи планот планот на подготовки, а до понеделник се во Битола да го завршат сите подготвителни работи и да започнат со тренинзи, а од понеделник во спортскиот комплекс кај Пехчево каде ќе се одржат базичните подготвки во траење од седум дена.
Пред стартот на Суперлигата кој е предвидена за 6 септември “двојката“ ќе одигра и неколку контролни натпевари, а ќе биде дел од турнирот во Прилеп каде се во групата со Пролет и Црвена Звезда (Србија).
Во Еурофарм Пелистер 2 дојдоа: Славчо Шулески и Јован Даневски (Тиквеш), Баптист Одифред (Даипо Стип, Јапонија), Илија Илијевски (Вардар Неготино), Мелин и Алдин Фехми, Иван Велески, Леонид Лозановски, Лука Ѓорѓиевски, Андреј Дамчевски и Стефан Лазаревски (Еурофарм Пелистер – младинска екипа).
Од клубот заминаа: Василије Печурица, Богдан Мијушковиќ, Никола Блажевски, Марко Димовски, Дејан Југовски.
Сашо Ристевски









