Press "Enter" to skip to content

Повторно Шпанец во Битола, Рубен Гарабаја нов тренер на Еурофарм Пелистер!

Еурпфарм Пелистер од Битола денес официјализира дека има нов тренер и тој повторно доаѓа од Шпанија. Некогашниот пивотмен на шпанската репрезентација, Рубен Гарабаја, ќе го води Еурофарм Пелистер во следните две сезони.

-Проектот на Еурофарм Пелистер продолжува онаму каде што застана на крајот од минатата сезона. Клубот како шампион на Македонија и учесник во Лигата на шампионите утре ќе ги започне подготовките за сезоната 2025/26 и пак тимот му е доверен на шпански стручњак. По спогодбената разделба со Раул Алонсо, клубот одбра сличен модел на млад и амбициозен тренер од Шпанија за продолжување на растот на процесот. Рубен Гарабаја Аренас е нов тренер на Еурофарм Пелистер за следнaта сезона, со опција за продолжување на уште една ако двете страни се согласни. Трофејно шпанско име од играчките денови и млад стручњак со голем потенцијал денес доаѓа во Битола и утре првпат ќе прозива во спортската сала „Боро Чурлевски“, соопштија од клубот.

Гарабаја во Еурофарм Пелистер ќе биде претставен утре на работниот состанок на почетокот на сезоната“, се вели во соопштението на клубот.

Гарабаја има 46 години и полна витрина медали и одличја од богатата играчка кариера. Играше 168 пати за шпанската репрезентација на позиција кружен напаѓач, постигна 318 гола и освои светска титула од Тунис 2005 година, сребро од Европскиот шампионат во Швајцарија следната година, бронза од Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и Мундијалот во Шведска во 2011 година. Рубен Гарабаја доаѓа од Астурија, кариерата ја започна во Адемар Леон (освои Куп на Кралот и ЕХФ Куп на Купови), играше за Фригорификос де Моразо и Ваљадолид, за 2007 година да го облече дресот на Барселона. Со Барса освои три АСОБАЛ лиги, два Купа на Кралот, а играше и во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2009/10. Од 2010 до 2018 година настапуваше за Натухаус Ла Риоха од Логроњо, клуб во кој ја заврши играчката и ја започна тренерската кариера. 

More from СпортMore posts in Спорт »