Денешниот ден измислен за на планина, посебно за нашата Баба планина, само на десетина километри од Битола . Сите кои беа денес на врвот Пелистер и околните врвови над 2.000 метри имаа убав поглед, а посебен беше погледот од врвовите кон преубавата Преспа и Преспанското езеро. Дел од убавните на Пелистер и Преспа, преку фото и видео на планинарот од Битола – Драган Ристевски, снимено кај Орлов врв, над Орлови Бари.






