Фудбалерите на Пелистер од Битола денес во Скопје ќе ги одиграат првиот натпревар во оваа, нова, фудбалска сезона, која ја започнуваат против екипата на Вардар, во вечното дерби на македонскиот фудбал.
Тренерот на Пелистер, Димитар Капинковски, пред стартот на сезоната и пред вечното дерби на македонскиор удбал, против екипата на Вардар во Скопје рече:
-Многу нешта се сменија, имаме нова управа, нов тренер, а заминаа осум играчи од ланскиот состав. Ова се големи промени, а ние тековно се екипиравме и се обидовме да составиме еден балансиран тим. Преодниот рок истекува во септември, но јас сепак верувам дека ростерот е солидно пополнет и нема да има потреба да реагираме со уште ангажмани. Сакаме да се претставиме во најдобро светло, а во моментов имаме само еден повреден играч, Јове Трајковски, кој ќе мора да ја паузира целата полусезона поради скинати лигаменти. Ова е најголемо македонско дерби и претставува предизвик за сите играчи, па и за тренерите. Од наша страна, почитта за успесите и резултатите на Вардар е максимална, но наше е да го дадеме максимумот и да пробаме да извлечеме позитивен резултат.
Натпреаварот започнува во 20 часот.









