Еурофарм Пелистер – Мешков Брест 30:29 (16:13)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола во Златибор, Србија ја одработуваат втората фаза од подготовките пред стартот на новата сезона. “Пелистерци“ во рамките на подготовките со победа ги започнаа подготовките за новата сезона, во која одново ќе ја претставуваат Македонија во Лигата на шампионите на ЕХФ и го одиграа и првиот контролен натпревар.
Противник на македонскиот шампион беше Мешков Брест, кој во неизвесен натпревар беше совладан со минимални 30:29, полувреме беше 16:13.
Воедно, ова беше и прв натпревар на новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, кој летово пристигна во Битола како замена за сонародникот Раул Алонсо.
Пелистерци по Златибор се враќаат во Македонија, каде ќе ги продолжат подготовките, а ќе настапат и на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид.










