Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола денес ширум ги отвора вратите за упис на нови студенти во учебната 2025/2026 година на прв, втор и трет циклус студии. Конкурсите се објавени и достапни на веб-страницата на УКЛО и на веб-страниците на единиците на Универзитетот.
За додипломските студии, на УКЛО има места за 2318 нови студенти. Од нив 1.199 се во државна квота, останатите 675 и 444 се наменети за кофинансирање и вонредни студии.
Заинтересираните кандидати имаат можност да направат солиден избор од широк спектар на специфични профили и од годинава со нова КОЛОРС димензија. УКЛО семејството од повеќе од 4000 студенти се поврзува со уште 120.000 млади луѓе преку COLOURS европската универзитетска алијанса.
Како прва македонска високообразовна институција дел од Алијансата финансирана од Европската Комисија, УКЛО почитува европски вредности, нуди мобилности и избор на предмети, а наскоро и со можност за двојна диплома на деветте COLOURS универзитети.
Првиот уписен рок на УКЛО започнува од 19 до 27 август 2025 г.
Пред почетокот на првиот уписен рок, 19.8.2025 г. УКЛО се обрати до сите млади кои планираат да ја започнат својата академска приказна – Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е вистински избор за сигурна иднина – со европски можности преку COLOURS алијансата.
-Покрај широка палета студиски програми со современи услови и поддршка за студентите, УКЛО овозможува пристап до европската COLOURS мрежа од 9 универзитети со повеќе од 120.000 студенти, УКЛО нуди европско образование, можности за студентски мобилности, избор на предмети од партнери во Европа и наставен кадар посветен на вашите цели, со практичен пристап кон знаењето и развојот на вашите компетенции.
Минатата година Универзитетот забележа пораст од околу 12% на бројот на бруцоши, запишани беа 1.094 студенти Оваа година, бројот на места во државната квота е оптимален, за 1.199 нови студенти и УКЛО упатува апел до заинтересираните кандидати да го искористат првиот уписен рок и да се запишат во државна квота.
-Драги наши идни бруцоши, вие сте новата енергија на Универзитетот – генерација која ќе учи, ќе истражува, ќе се поврзува со Европа и ќе го гради сопствениот пат кон успехот. Со посветеност и труд, раководството, професорите и сите вработени на УКЛО подготвени сме да ви помогнеме максимално да користите сè што Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и COLOURS ви нудат за вашиот интелектуален и професионален развој, порачуваат од УКЛОи додаваат:
-Ве очекуваме и ви упатуваме срдечно добредојдовте во УКЛО – академски дом каде што вашиот потенцијал добива европска димензија!
Сите информации во врска со уписите можете да ги најдете на следниот линк:






