Press "Enter" to skip to content

Пелистер ќе биде “домаќин“ во Кавадарци, за да се чува тревникот во Битола и да има подобри услови за меѓународниот натпревар, договорено со ФФМ

Управата на битолски Пелистер од Битола и Фудбалската федерација на Македонија се договорија екипата следниот натпревар од ПМФЛ да го одигра во Кавадарци, каде се “браќата“ на Чкембарите, Лозарите од Кавадарци.

Причината е да се зачува теренот под Тумбекафе, на стадионот „Петар Милошевски“ кој веќе се подготвува за натпреварот помеѓу младинските селекции на Македонија и Италија, и во тек е реконструкцијата на јужната трибина, која дони нова подлога и нови седишта, а секако и за зачувување на тревната подлога на теренот.

Ова се е во насока да се создадат што подобри услови за одигрувањето на меѓународниот фудбалски натпревар по повеќе години во Битола.

Натпреварот Пелистер – Шкупи ќе го одигра на стадионот во Кавадарци на 25 август во 17 часот. 

More from СпортMore posts in Спорт »