Еурофарм Пелистер – Тримо Требње 32:32
Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола со реми на стартот на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, во неизвесна завршница одигра 32:32 со Тримо Требње од Словенија.
Еурофарм Пелистер играше беа капитенот Филип Кузмановски и голманот Никола Митревски, а тренерот Гарабаја шанса од првата минута им даде на сите ракометари.
“Пелистерци“ поведоа со 6:4, а потоа беше 8:8. Потоа заиграа Хаџиќ и Павле Атанасијевиќ, задно со Радивојевиќ и Манасков, дојдоа до минимална предност на полувреме од 15:14.
Тримо Требње добро го започна вториот дел, направија серија од 4:1 за 15:19. Манасков со два врзани гола го врати својот тим на негатива од три гола, а потоа израмнија на 25:25. “Пелистерци“ го вратија водството и следуваше возбудлив финиш, во кој Видомски со гол во последните секунди го спаси Еурофарм Пелистер.
Радивојевиќ со седум и Павле Атанасијевиќ со шест гола беа најефикасни кај Еурофарм Пелистер.
Денес од 20:45 часот во оваа група се игра големото македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар.









