Во рамките на културниот фестивал “Бит фест 2025“, синоќа во Културно-информативниот центар Офицерски во Битола се одржа концерт на триото “Интерарт“, составено од флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, и пијанистката Татјана Божиновска, сите од Битола.
Салата беше преполна, а интересот од публиката уште еднаш потврди дека квалитетната уметничка програма секогаш го наоѓа својот пат до љубителите на музиката.
Настапот понуди внимателно одбран репертоар со дела од Шостакович, Доплер, Фирсетау, Петровски и Кларк, кои беа изведени со техничка прецизност, интерпретативна зрелост и уметничка инспирација.
Особено впечатлива беше комуникацијата помеѓу музичарите, кои со леснотија и хармонија го водeа слушателот низ богат спектар на емоции – од енергични и виртуозни моменти до лирски и длабоко емотивни пасажи.
Концертот беше организиран во рамки на “Бит фест 2025“ манифестација што и оваа година нуди богата и квалитетна културна понуда и ја зацврстува позицијата на Битола како значаен културен центар во државата и пошироко.
Триото „Интерарт“ е формирано во 1997 година во Германија, каде македонските флејтисти Александар Стефановски и Емилија Ристевска Стефановска заедно со јапонската пијанистка Макико Хирата настапија со рецитал во Алтенбург, а потоа следеа и два концерти во Македонија.
Сегашната формација на Триото „Интерарт“ (Александар Стефановски-флејта, Емилија Ристевска Стефановска-флејта и Татјана Божиновска-пијано) има настапувано на повеќе значајни концертни подиуми и фестивали во Македонија : Охридско лето, Скопско лето, Салон 19,19, Битолско културно лето, Хераклејски вечери, Музички вторник, Ден на културата во Битола, Златна лира, Интерфест – Битола, го снимија својот прв инструментален видео-спот кој се емитува на ТВ станиците во нашата земја.
Сите членови на Триото „Интерарт“ се докажани солисти кои имаат настапувано со рецитали во Македонија и надвор од неа, како и со Македонската Филхармонија. Триото има настапено во Франција, Италија, Германија, Грција, Хрватска, Норвешка, Турција, а на 8 септември 2007 – Денот на независноста на Македонија ја претставуваше Македонија во Македонскиот Културен Центар во Њујорк, каде и беше промовирано првото CD.
Во 2008 год. триото настапи на Фестивалот “North Quabbin’s Center for Performing Art” во Њу Салем, САД. Во 2008 год. триото го сними и промовираше своето второ CD со современа музика. Во јули 2009 год. Триото „Интерарт“ го освои третото место на Интернационалниот фестивал Premio “Citta di Padova” во Падова, Италија. Во 2010 год. триото „Интерарт“ го сними и своето трето CD. Во 2012 год. триото „Интерарт“ ја претставуваше Македонија во Анкара, Турција, а во 2013 год. триото „Интерарт“ беше номинирано за наградата „Виртуози“ во категорија камерни ансамбли.

Извонреден концерт на триото “Интерарт“ од Битола во Офицерски (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 22 степени
- Во завршна фаза на изградба е новата боксерска сала
- Универзитетска летна пракса 2026
- СВР Битола: 6 годишно дете тешко повредено на електричен тротинет, приведување за марихуана и приведувања за возење без возачка и возење во забранета насока
- Убиство во Битола, сопруг ја убил 31-годишната жена во населбата Баир
More from КултураMore posts in Култура »
- “Женски земјотрес“ создаде простор за музика што не прави компромиси
- “Ела поблиску“ изложба на минијатури на Тони Соколов – Солза од Австралија, роден во Битола(фотогалерија)
- Во Битола затворен “Танц Фест 2026“ со изведба на “Будење“ на кореографката Рисима Рисимкин и 30 танчери на сцена (видео+фотогалерија)
- Промоција на преводот на англиски на романот “Три Марии“ на Оливера Ќорвезировска (фото)
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“










