Охрид – Еурофарм Пелистер 31:26 (12:10)
Ракометарите на Еуерофарм Пелистер се поразени во финалето на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ со конечен резултат 31:26. од екипата на домаќинот, Охрид.
Натпреварот започна со водствот на “пелистерци“ 0:2, но, потоа не реализираа шест напади и по серијаата 4:0 беше 4:2. Битолчани се вратија до егал во 24. минута, а поведоа со гол разлика во 25. минута. Потоа Охрид со серија 3:0 на одмор замина со 12:10.
Пелистер тргна малку поангажирано на стартот од вториот дел, но домаќинот поведе со +3, а потоа се играше „гол за гол“, а во 45. минута беше 20:17, а за брзо и +4, а и +5. Охрид имаше мали проблеми во офанзива, битолчани постигнаа два брзи гола, но пропуштија шанса за враќање на само гол негатива. Охрид се врати на +4 на истекот на 55. минута, а до крајот рутински дојде со првата титула на турнирот.
Дејан Манасков постигна седум гола кај Еурофарм Пелистер.









