На УКЛО Битола трае првиот уписен рок– шанса што не се пропушта за сите млади кои се на прагот на ново поглавје, особено ако сакаат да изберат студии со државно финансирање.
Ако сè уште ја планираш својата академска иднина, сега е вистинскиот момент да донесеш одлука што ќе го насочи твојот професионален пат. Со современи услови за студирање, практичен пристап и студиски програми усогласени со потребите на пазарот – изборот е јасен, потсетуваат од УКЛО.
Дополнително, Универзитетот преку учество во Европската универзитетска алијанса КОЛОРС – мрежа со девет универзитети, отвора врати кон студирање во меѓународна средина, мобилности и изборни предмети од партнери во Европа. https://uklo.edu.mk/colours/
Во првиот уписен рок на УКЛО, слободни се 1.199 места во државна квота, 675 со кофинансирање и 444 места за вонредни студенти. https://uklo.edu.mk/wp-content/uploads/2025/07/KONKURS-I-ciklus-2025-2026.pdf
Пријавувањето е отворено до среда, 27 август 2025 г.
УКЛО поканува и повикува: Искористи ја оваа можност – избери образование што отвора перспективи.






