Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 победник на меморијалниот турнир “Миле Нешкоски“ во Прилеп

Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 26:32 (17:15)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 од Битола се победници на Меморијалниот турнир “Миле Нешкоски“, откако во финалето славеа сигурна победа над домаќинот Прилеп со 26:32 (17:15).

Во финалната средба двете екипи имаа свои моменти и водството на своја страна, но на крај се радуваа ракометарите од Битола. Се започна со 6:6, потоа младите “пелистерци“ во неколку наврати имаа позитива од два гола, но прилепчани на одмор заминаа со разлика од +2  (17:15). 

Второто полувреме запошна со серија од 4:0 за Еурофарм Пелистер 2 и водство од 17:19, а имаа и на предност од +6. Еурофарм Пелистер 2 победи со конечен резултат 26:32.

За најдобар голман беше прогласен Мартин Јовановски од Еурофарм Пелистер 2, а признанието за најкорисен ракометар, МВП, му пропадна на бекот на битолскиот клуб, Христијан Митревски. 

More from СпортMore posts in Спорт »