Press "Enter" to skip to content

Борче Даскаловски, новиот шеф на стручниот штаб на Пелистер вечерва го одржа првиот тренинг

Борче Даскаловски кој е назначен за нов шеф на стручниот штаб на Пелистер од Битола денес пристигна во Битола и по состанокот со Управара на клубот и помошниците тренери вечерва го одржа првиот тренинг со кошаркарите на Пелистер во спортската сала Боро Чурлевски.По тренингот за тоа како дојде до соработка со Пелистер, Даскаловски ни рече:-Соработката се воспостави по иницијатива на селекторот на македонската репрезентација Марјан Илиевски, со кој ова лето имавме одлична соработка, а сето тоа како дел од еден амбициозен проект, кој веќе долги години одлично се развива во Битола. За мене сето ова е голем предизвик и укажаната шанса сакам да ја искористам, а за довербата сакам да се заблагодарам, на Илиевски и на Управата на Пелистер.-Во овој момент ростерот не е комплетен, но до почетокот на септември ќе бидеме комплетни, бидејќи предизвикот, што за прв пат се играат квалификации за Лигата на шампиони е огромен, а сите знаеме дека Битола има прекрасна публика, тука се и “Чкембарите“ па сите имаме очекуваме што подобра презентација на клубот, додава Даскаловски.Подготовките на Пелистер ќе бидат во Битола, а како вели Даскаловски интензивно се работи на договарање на што поголем број на котролни средби до почетокот на квалификациите и првенството.

Фото: Дамијана Ристевска