Press "Enter" to skip to content

И официјално Македонија – Италија во Битола, стадионот доби дозвола од УЕФА за натпревари од високо ниво!

Стадионот во Битола доби и донација од ФФМ на современ “ЛЕД“ семафор.

Денес, стадионот “Петар Милошевски“ во Битола доби и официјална потврда од УЕФА и на 9 септември ќе биде домаќин на квалификацискиот натпревар за Европското првенство, во кој репрезентацијата на Македонија до 21 година ќе се соочи со селекцијата на Италија.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во соработка со Општина Битола во период од речиси четириесет денови реализира инвестиција вредна околу 150.000 евра, со што стадионот доби значителни подобрувања и современ изглед.

Поставени се нови столчиња на јужната трибина, целосно е обновена и обложена тартан патеката (просторот меѓу теренот и трибините), службените простории и медија делот се целосно опремени со мебел и потребен инвентар, набавени се нови клупи за резервни фудбалери, уреден е ВИП просторот, а стадионот доби и донација од ФФМ на современ ЛЕД семафор.

Дополнително, теренот е обновен со механизација и лица ангажирани од федерацијата, со што е обезбедена максимална подготвеност за претстојниот натпревар

More from СпортMore posts in Спорт »