-Битола со поставување на споменикот му оддава чест на Александар Турунџев – 120 години од погубувањето на големиот битолски и македонски револуционер.
-Игор Дуловски со пијано придружба и аранжман на Николче Мицевски ја изведоа песнатапосветена на Турунџев, “Црни му било пишано…“
-Има имиња што не се запишани само во книгите на историјат, тие се врежани во камен, во срцата и во времето. На 30 август, Битола ќе ја исправи својата вечна должност, ќе му подари споменик на Александар Турунџев, соопштија од Општина Битола.
Ќе се открие споменик на комитата што чекореше со факел на вистината, што беше збор – сонце за своето време. Тој ќе добие место меѓу нас, но не како сенка од минатото, туку како светлина за иднината.
Поворката која ќе биде низ градот, ќе започне од ОУ “Ѓорѓи Сугарев”, преку плоштадот “Магнолија“ и мостот кај Безистенот, до местото каде е споменикот. Ќе чекориме не за да го оживееме минатото, туку за да му дадеме иднина.
Александар Турунџев беше повеќе од борец, беше симбол на храброст, на жртва и на визија. Неговиот споменик е нашиот завет.
https://www.facebook.com/watch/?v=749743531561350
Во очи на неговото откривање, премиерно ќе биде изведена композицијата “Црно му било пишано“ – во изведба на Игор Дурловски, со пијано придружба и аранжман на Николче Мицевски, продукција на “XL Studio Момироски“ и видео на Николај Грнчаров.
Оваа изведба е омаж и благодарност кон подвигот на Турунџев – симбол на жртвата, слободата и вечниот дух на Македонија.






