Еурофарм Пелистер – Ловќен 37:16 (16:13)
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер од Битола ја запиша и втората победа на ракометниот турнир кој се одржува во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и се наоѓа на чекор до освојување на првото место.
Пред почетокот на натпреварот Еурофарм Пелистер му додели дрес на поранешниот капитен, Мирко Радовиќ во чест на благодарност за се што направи Мирко за клубот.
Избраниците на Рубен Гарабаја рутински го победија првакот на Црна Гора, Ловќен од Цетиње 37-27 (16-13).
Во текот на сите шеесет минути „зелено-белите“ водеа, но дури на почетокот од вториот дел се одлепија на недостижна предност. Скоро сите ракометари кои добија шанса за игра во напад се запишаа меѓу стрелците.
Повторно ги немаше голманите Хаидарирад и Митревски, и Манасков, Ристевски и Кузманоски.









