Press "Enter" to skip to content

Фудбалерите на Пелистер со пораз се вратија од Ѓорче

Македонија Ѓорче Петров – Пелистер 2:1 (1:1)

Пелистер од Битола на гостувањето во Скопје, постигна гол по само десет секунди, но за ѓал не успеа да ја задржи предноста и е поразен со 2:1 во рамките на 4. коло од Првата фудбалска лига, во натпревар во кој имаа повеќе шанси.

Натпреварот одлично започна Пелистер, а откако Петар Ристиќ во празно го проигра Лука Булатовиќ, кој излезе сам пред Јанков и со лоб удар го отвори резултатот. Во 23. минута Спировски го сруши Гереро во казнениот простор на битолчани и судијата Јован Качевски покажа на белата точка, а Христов погоди за 1:1.

Македонија Ѓорче Петров поведе во средината на вториот дел. Гереро центрираше, Елмас  биеше од неколку метри, но Јовчевски чудесно му одбрани. Топката стигна до Гереро, кој од неколку метри оддесно ја втурна топката во празната мрежа за 2:1.

Пелистер по4. кола е шести на табелата, а за две недели, Пелистер ќе го пречека Арсими во првиот натпревар сезонава во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »