Press "Enter" to skip to content

Битолчани со одлични реакции за видеото и промоцијата на дресовите на Еурофарм Пелистер насловени “Средба со легендите“ (видео)

И по три дена откако е промовирани видеото на Еуерофарм Пелистер од Битола и промоцијата на новите дресови не стувнуваат реакциите, секако позитивни за начинот на кој се промовирани, посебно кај младата публика.

Моќното видео ги претстави новите комплети на дресови за сезоната 2025/26, а преку видеото македонскиот шампион се наврати на славните денови на клубот од деведесеттите години на минатиот век, а како „гости“ на видео-записот беа неколку легенди на Пелистер кои во минатото оставија длабок траг во клубот.

Видеото е снимано на десетина локации, во клубот, во Народниот театар во Битола, на Широк Сокак, секако и во кафулето “Тач“ каде во легендарните денови пред триесетина години беше врталиштето на ракометарите кои настапуваа во дресот на Пелистер.

Со слоганот „MEETING the LEGENDS“ (Средба со легендите), македонскиот шампион ги претстави новите дресови.

Видеото го изработи Гоце Веселиновски, а зад камерата и овој пат е Александар Котевски.

“Пелистерци“ утре,  среда ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона и во Кавадарци ќе се судрат со Вардар во Суперкупот на Македонија.

More from СпортMore posts in Спорт »