7. издание на омилената градска трка “ТРЧАЈ БЕ со Алпско“ веќе го најави седмото издание на трката која веќе одамна го надмина спортот – и прерасна во голем настан кој вклучува многу повеќе сегменти, од самото трчање.
На 14 септември, улиците на Битола повторно ќе бидат живописна сцена за илјадници учесници, навивачи и волонтери. Уште едно утро посветено на здрав дух, познатата енергија на градот Битола, тимски дух на многу компании и спорт што обединува.
Оваа година трчаме во нов ритам – со свежа визуелна и тематска кампања која наскоро ќе биде објавена. Ќе биде забавно, неочекувано, и веруваме – многу битолско.
Трки и стартни времиња:
-5.000 метри – старт во 08:30 часот
-21.097 метри (Полумаратон) – старт во 08:35 часот
-10.000 метри – старт во 08:40 часот
Награди за најдобрите (машка и женска конкуренција):
Полумаратон (21К) • 1. место – 500 € • 2. место – 300 € • 3. место – 200 €
10К трка • 1. место – 300 € • 2. место – 200 € • 3. место – 100 €
5К трка (спонзорирани од Стевче Ѓорѓиевски, поранешен рекордер на 5.000м) • 1. место – 6.000 денари • 2. место – 5.000 денари • 3. место – 4.000 денари.
Пријавување заклучно со 8.09.2025.
Повеќе информации, пријавување и галерија од минатите изданија:










