Press "Enter" to skip to content

Божиновски од Битола и Начевски од Скопје судии на денешниот ракометен Супер куп

И младите македонски судии Данило Божиновски од Битола и Виктор Начевски денес ќе бидат дел од Македонскиот ракометен супер куп, а за нив денешниот натпревар ќе биде голем предизвик, на кој ќе мора да одговорат најдобри, откако беа делегирани од Ракометната федерација на Македонија. 

Двата најтрофејни македонски клуба, Еурофарм Пелистер, како актуелен шампион, и Вардар 1961, како освојувач на Купот, денес ќе водат битка за првиот трофеј во сезоната, а се очекува спектакл. Тие за прв пат ќе судат Суперкуп меч, а одговорноста ќе биде поголема бидејќи на трибините ќе има две големи навивачки групи на трибините.

Божиновски и Начевски важат за еден од најперспективните судиски двојки кај нас. Од пред три години тие судат натпревари под капата на Светската ракометна федерација (ИХФ), а редовно се делегирани и на натпревари во рамките на ЕХФ Купот и други европски клупски натпреварувања. Во своето досегашно портфолио веќе имаат и настапи на светски и европски првенства за млади категории, а ова пред една недела беа дел и од регионалниот турнир во Скопје.