Press "Enter" to skip to content

Кавадарци беше зелено-бел, “пелистерци“, “Чкембари“ и битолчани околу 2.000 го прославија првиот трофеј (фотогалерија)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола во спорстската сала “Јасмин“ во Кавадарци по третпат го освоија трофејот во Супер купот и ја отворија новата сезона со првиот трофеј.По крајот на мечот, ракометарите на македонскиот првак ја споделија радоста со најверните кои ја исполнија едната трибина на “максимум“ и немаше место за уште еден човек, а заедно со нив се радуваше и семејството Стерјеви, генералните спонзори на клубот.Битолчани докажаа дека не е, и нема да биде проблем, каде игра или каде ќе игра Еурофарм Пелистер, бидејќи поддршката секогаш ќе ја имаат, посебно во натпревари кои се одлучувачки, дали за првенство или куп.Лани Охрид беше градот каде ракометарите ја имаа најголемата поддршка, а годинава ја започнавме со Кавадарци, а навивачите најавија дека продолжуваат во тој стил.А, за атмосферата не треба да се зборува или пишува, тоа е познато, каде се битолчани има непрекинато навивање од пред почетокот на натпреварот, а така е и после завршувањето.А, кога сме кај навивањето “Чкембарите“ низ навивачка песна ја најавија дека зелено-белата ера, а таа после првиот трофеј сезонава продолжува.Трофејот заврши на трибината кај „Чкембарите“ кои бурно го прославија триумфот над најголемиот ривал во Македонија.

Фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »