Press "Enter" to skip to content

Компанија “Кромберг и Шуберт“ – Битола додели стипендиите на студентите на УКЛО Битола

Традиционално по 8-ми пат, компанија “Кромберг и Шуберт“ – Битола ги додели стипендиите на студентите при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола.Катерина Николовска, Андреј Баковски и Никола Најдовски се тројцата овогодинешни студенти, добитници на стипендија за академската година 2025/2026. Тие ги исполнија критериумите и се приклучија на нашата стипендиска програма.

На свеченото доделување на стипендиите беа присутни претставници од менаџментот на компанијата и тоа: Влатко Цековски – технички директор, Георги Тренкоски – комерцијален директор и Ирена Ристевска – менаџер на човечки ресурси.Комисијата за стипендии беше во состав Мартина Домазетовска – тренинг и развој и Златко Велевски – координатор за односи со вработени, како и претставници од централната стручна и административна служба на Универзитет “Св. Климент Охридски“ – Битола (Ректорат) и тоа: Гоце Марковски – советник за кариера – алумни и доживотно учење, Теодора Михајловска – генерален секретар и Даниела Андоновска Крстанова – виш соработник и Советник за кариера – Алумни и доживотно учење.-Им честитаме на успехот и им посакуваме во иднина да продолжат да ги реализираат своите соништа, за кои потврдија дека се темелат врз вистински вредности и препознавање на можностите. Голема благодарност до деканатот и професорите при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола за сите години успешна соработка. Се надеваме дека истата непречено ќе продолжи во иднина. Сите млади треба да се стремат кон добро образование, кое е клучот за успешна и светла иднина. Само на тој начин можеме да очекуваме професионалци во сите области, кои ќе ја носат својата земја кон нови височини и ќе создаваат иновации што го менуваат светот. Како компанија, постојано го поддржуваме образованието во секоја форма, верувајќи дека тоа е темел на нашата заедничка иднина, порачаа од компанија Кромберг и Шуберт – Битола.