Press "Enter" to skip to content

На традиционалниот турнир на “Кај Петчи и Панчо“ победник Тони Петровски од Битола

По повод шест години од постоењето на билјард клубот “Кај Петчи и Панчо“ во Битола како и секоја година, на празникот “Богородица“, традиционално се организира турнир во билјард.

На турнирот учествуваат скоро сите најдобри играчи од Македонија, а се играше нај играната дисциплина во светот, популарно наречена “9-ка“. Бројот на играчи беше ограничен на 16 мина, а турнирот е своевидна увертира на продолжение на билјардската сезона после кратката летна пауза.Турнирот помина во опуштена атмосфера но мечевите беа и тоа како сериозни и беа видени многу квалитетни мечеви.

Најдобар беше битолчанецот Тони Петровски кој после маестралната игра и чистите 5:0 во полуфиналето, собра сили и концентрација и го победи изразитиот фаворит во финалето, во тој момент македонскиот најдобар играч 15 години возрасниот Андреј Ѓурчиновски, освојувач на бронза од Европското првенство за јуниори во Хил Хил завршница со 6:5.

Полуфиналисти беа и Стефан Гермов од Прилеп и Тино Бојаџиев од Битола.

Домаќинот традиционално имаше подготвено роденденска торта и сите играчи му посакаа многу јубилеи.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »