Press "Enter" to skip to content

Фудбалерите на Пелистер во осминафинале во Купот, го победија Тетекс

Тетекс – Пелистер 1:2 (1:0)

Фудбалерите на Пелистер од Битола се пласираа во осминафиналето од Купот на Македонија, откако на гости кај Тетекс славеа со 1:2, полувреме 1:0.

Во првото полувреме од натпреварот во Јагуновце домашните фудбалери, поведоа со 1:0, со голот на Николовски во 35. минута.

По одморот фудбалерите на Пелитерсе вратија во игра и преку Стојановски израмнија на 1:1 во 52. минута.  Во  самиот финиш Стефан Спировски, ја затресе домашната мрежа и на својот тим му донесе победа и понатамошен пласман во Купот, 1:2.