Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер договори и официјализира уште двајца странци, Американецот Остин Прајс и Кевин Брејси Дејвис од Израел

Екипата на кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола официјализира уште две засилувања Американецот Остин Прајс и Кевин Брејси Дејвис од Израел со што полека го “затвора“ прашањето кои сранци ќе ги гледаме во Битола, во дресот на Пелистер.Американскиот кошаркар Остин Прајс потпишадоговор на една сезона, има 29 години и че игра на позиција бек. Станува збор за кошаркар со богато искуство во европската кошарка, кој минатата сезона настапуваше во романскиот шампионат како член на Плоешти, каде Прајс имаше просек од 9,6 поени, 2,4 скокови и 1,3 асистенции по натпревар. Американецот претходно три сезони мина во холандски Ден Бош, беше дел и од израелскиот шампионат како член на Макаби Ра’анана и на Ирони Нес Зиона, а прв ангажман во Европа му беше потписот за бугарски Берое во 2019 година.Кевин Брејси Дејвис доаѓа од Израел како засилување за Пелистер, а со него “зелено-белите“ потпишаа едногодишен договор со ова американско засилување. Брејси-Дејвис е крилен кошаркар висок 201 сантиметари, Брејси Дејвис има 30 години и богато искуство во најразлични држави во Европа (Германија, Франција, Финска, Грција), пред една сезона тој беше меѓу најзаслужните за титулата на Трепча во шампионатот на Косово, а лани со голем успех настапуваше и во Израел, каде имаше просек од 18,3 поени, 4,8 скокови и 2,3 асистенции по натпревар.

Претходно за КК Пелистер потпиша и Никола Малешевиќ.

More from СпортMore posts in Спорт »