Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер денес ги пушти во продажба влезниците за првиот меч во ЛШ

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер од Битола ќе ги започне натпреварите во Лигата на шампиони, а прв натпревар е во среда против Загреб.

За таа цел од редовите на шампионот известија дека од денес  (сабота) започнува продажбата на билетите за оваа средба.

Според најавите од претходно, цената на билетите ќе биде 450 за страничните и 550 денари за централните делови на двете трибини. 

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Загреб се игра в среда во терминот од 20:45 часот.

More from СпортMore posts in Спорт »