Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер не застанува, центарот Ленгстон Вилсон е нajновото засилување во Битола

Ленгстон Вилсон е најновото засилување на тимот на Пелистер од Битола, кошаркар кој ќе биде од голема помош во предизвиците во домашното првенство, како и во европското деби што ги очекува „зелено-белите“ оваа натпреварувачка сезона.

Станува збор за центар висок 210 сантиметри кој ќе биде од огромна помош во борбата под обрачите. Тој настапуваше во НЦАА-лигата за универзитетите Вашингтон и Милвоки, а ланската сезона ја мина во Турција, бранејќи ги боите на Бодрумспор.

Ленгстон Вилсон имаше просек од 10,3 поени и 6,8 скокови по натпревар, а најдобриот меч го одигра против вториот тим на Фенербахче, на кој америкаскиот центар стигна до дабл-дабл од 24 поени и 11 скокови.

Со ангажманот на Ленгстон Вилсон беше комплетиран и последниот странски трансфер на Пелистер летово, откако претходно беа потпишани договори и со Никола Малешевиќ, Џордан Скипер-Браун, Остин Прајс, Си-Џеј Вилсон и со Брејси Дејвис.