Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Ирена сопругата на Петар Милошевски на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола

Во вип просторот на фудбалскиот стадион “Петар Милошевски“ во Битола беше и Ирена Милошевска сопругата на прерано починатиот голман на Пелистер и македонската репрезентација Петар Милошевски.

Ирена која е вработена во Фудбалската федерација на Македонија, ја фотографиравме во срдечен и пријателски разговор со двајцата фудбалери Митко Стојковски и Тони Мицевски соиграчи и другари на Петар Милошевски, а таа самото присуство на стадионот го доживеа, разбирливо, со многу емиции. 

-Ирена со многу возбуда и емоции го гледаше натпреварот на стадионот кој го носи името на нејзиниот прерано починат сопруг Петар Милошевски. Петар беше голем другар, спортист и заслужено стадионот во Битола го носи неговото име. Многу измешани емоции имаше кај мене, кај Ирена и кај Тони, тага што го нема и гордост за тоа што преку името на стадионот и нешите сеќавања Петар е со нас, ни рече секогаш емотивниот Митко Стојковски.

Стадионот во Битола, порако како стадион под Тумбекафе, од 21 декември 2021 година го носи името “Петар Милошевски“ со одлука на Советот на општина Битола.

Текст и фото: С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »