Кошаркарите на Пелистер од Битола веќе неколку дена работат во полн состав откако во Битола пристигнаа засилувања, кои заедно со останатите кошаркари, под раководство на новиот тренер Борче Даскаловски тренираат под полна пареа.
Даскаловски и кошаркарите ја одработија првата фаза од подготовките во Битола, а веќе од утре ја започнувата наредната фаза, каде ќе играат контролни натпревари, и ќе се воигрува тактиката.
За утре во 18 часот е закажан првиот контролен натпревар во Грација, против лигашот од Трикала.
Тренерот на Пелистер ќе има слатки маки, во тимот има шест странци, а во домашното првенство ќе има право на клупа да има четири. Секако во клубот се кошаркарите кои останаа во клубот, новите млади и перспективни кошаркари, а сите заедно прават една квалитетна екипа.
Во квалификациите кои Пелистер ќе ги игра во Самоков, Бугарија ќе има право во тимот да бидат сите странци.
Официјалното претставување на тренерот, засилувањата, и дресовите ќе биде во понеделник, соопштија од КК Пелистер.
С. Ристевски










