Press "Enter" to skip to content

ФТ Митко Василев, ординација “Кинет мед“ – fizio4you: сколиоза

Од денес со ФТ Митко Василев, физиотерапефт, специјалист кинезитерапија
и мануална терапија, од ординацијата “Кинет мед“ започнуваме да информираме за дијагностика и терапија за разни заболувања и третмани за нив. 
Низ овие разговори ќе добиваме и стручни информации, а за истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  ФТ Митко Василев ќе ве информира за сколиозата, модерна болест на нашето време, за што вели:

-Сколиоза е заболување на рбетниот столб кое се карактеризира со искривување во фронталната равнина, кривината е во обликна “С” или “С” образна форма. Се развива во детска воздраст најчесто пред почетокот на пубертетот, има случаи кој се дијагностицираат
и во порани години како последица на други заболувања.

Сколиозите во голем процент се идеопатски (од нејасна природа), има случаи со генетски наследни предпоставки за здобивање со рбетни искривувања. Исто така големо влиание има секојдневниот начин на живот во кој што живеат денес децата -младите. Брзиот раст непосредно пред пубертетоте е причината за искривување односно нарушениот раст на мускулите и коските на рбетниот столб доведува до искривувње.

Дијагностицирањето запоцнува со оглед на цело тело, рентгенската снимка која дава прецизна состојба, локализација и големина на аглите на кривината.

Соодносот на сколиозите е осум девојчиња наспроти едно машко дете.

Лекувњето е во зависност од големината и формат ана сколиозата. Конзервативното лекување е со медицински асиметрицни вежби и корсети кој се изработуваат индивидуално за искривувања над 20 степени. Кај искривувања над 60 степени и најчесто со други усложнувања се третираат оперативно со хирушки зафат.

Систематските и превентивните прегледи се клучни за рано дијагностицирање и лекување во рана фаза кога сколиозата е во функционална форма и може да се корегира за краток период.

Кај пациенти со завршување на растот и развивање каде се формира структурна форма на сколиоза можноста за корекција со вежби и корсет се минимални. Една од можностите за конзерватвно лекување е “Schrot metod” асиметрични вежби кои даваат значителни резултати во решавање и корегирање на сколиозите.

“Кинет мед“

тел: 00389 71 880199

е-маил: mitkovasilev003@gmail.com