Press "Enter" to skip to content

Будо центар Пелистер од Битола го закажа меѓународниот будо семинар

Будо центарот Пелистер од Битола го закажа меѓународниот будо семинар кој ќе се одржи на 16 и 17 октомври во просториите на центарот во Битола.

Семинарот ќе биде дел од прославата на големиот јубилеј, 50 години тренерска работа на Ѓуро Илиќ, кој е познат не само во земјите од регионот, туку и во земјите од исток каде боречките вештини посебно се негуваат.

За прославата на јубилејот Ѓуро Илиќ вели:

-Мојата 50 годишна работа како тренер во боречки вештини, како будо центар решивме да ја одбележиме со повече настани, а главен настан ќе биде големиот меѓународен будо семинар на кој ќе земат учество мајстори во боречки спортови од Јапонија, Индија, Србија, Италија, САД, Шпанија, Македонија… Најголем дел веќе го потврдија учеството, некои се во тек на добивање на визи, а за имињата на присутните кои значат многу во будото ќе информираме наскоро. Што се однесува пак до одбележувањето на јубилеј ќе кажам дека ќе има промоција на документарен филм, неколку работилници, и билатерални средби каде ќе направиме ново договори за соработка.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »