Кошаркарите на Пелистер од Битола денес пристигнаа во Самоков, Бугарија каде ќе го играат квалификациониот натпревар за пласман во Лигата на шампионите.
По сместувањето во хотелот каде се сместени и останатите 24 екипи во новата спортска сала “Арена СамЕлион“ под водство на тренерот Борче Даскаловски го одработија и тренингот.
Натпреварот во Самоков за “пелистерци“ ќе биде и прв официјален натпревар, а претходно одиграа два пријателки натпревари против Трикала во Грција и Маџари во Битола.
Натпреварите во Самоков ќе се играат од 19 до 25 септември, со вкупно 21 натпревар – четвртфинале, полуфинале и финале. Пелистер е во втората група, ви 1/4-финале ќе игра против екипата на Реџиана од Италија, а натпреварот ќе започне во 16:30 часот по локално време.
Вкупно 24 екипи учествуваат на турнирот, а само три од нив ќе влезат во групите од Лигата на шампионите.
Сашо Ристевски











