Press "Enter" to skip to content

Еуерофарм Пелистер ја прекина серијата победи, Вардар победи во Скопје

Вардар – Еурофарм Пелистер 31:28 (16:14)

Ракометарите на Еурофрм Пелистер од Битола се поразени во вечното дерби од тимот н Вардар 1961 во Скопје, во натпревар кој им понуди на публиката во салата и телевизијата по голема борба на секоја педа од теренот и драма. Вардарци победија со 31:28, полувреме 16:14.

Натпреварот започна со водство на Пелистер, но “ардарци“ прво дојдоа до 3:2, а потоа и на +3 (5:2). “Пелистерци“ по тајм аутот  намалија на 6:5, а Борозан беше исклучен откако го удри Кузмановски в лице. Вардар дојде до 8:5 и 11:8, а Пелистер повторно се врати на -1. На одмор се замина со 16:14.

Во вториот дел, првите минути се играше и гол за гол, но потоа следуваше мини-серија на гостите од 0:3 за израмнување (18:18), а следуваа два гола на Вардар, и пак нерешено. По одбраната на Митревски Пелистер не реализира напад за прво водство по долга пауза. Потоа со три гола Вардар дојде до 24:21. Во следните минути се играше со одбрани на голманите и грешки на тимовите, но и ново водство на Вардар 26:23 и напад за +4. Хосни погоди за 27:25 во 54. минута, а потоа беше и само гол предност за скопјани 28:27. Валах му одбрани  пенал на Манасков, следуваше гол вреден победа на  Талески.

Најдобар стрелец во дербито беше Дејан Манасков кој реализира девет пати за поразениот тим. 

More from ВестиMore posts in Вести »