Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го победи Охрид убедливо, иако сите очекуваа дерби во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Охрид – 33:27 (18:14)

Екипата на Еурофарм Пелистер во Битола доминираше во сите фази на играта и не им дозволи на ракометарите на Охрид ниту да се приближат резултатски и го направат натпреварот интересен, а освоија нови суперлигашки бодови победувајќи со резултат 33:27, полувреме 18:14.Дерби натпреварот, додека на почетокот го носеше тој епитет, започна со водство на Пелистер, кое не го испушти.  Со головите на Манасков и Хенигман, дополнето со одбраните на домашниот голман Никола Митревски, тимот на Еурофарм Пелистер дојде до  7:5.Охрид е обиде да ја смени играта но без успех и по тајм-аутит, а намалија само на два гола разлика (14:12). На полувремето, Еурофарм Пелистер отиде со +4 (18:14).И во вториот дел, како и во првиот, Еурофарм Пелистер продолжи со силно темпо. Со таква игра дополенета со одбраните на Миревски, преднста растеше. Разлика од +10 гола (27:17) Пелистер направи кон средината на второто полувреме.Во 52. минута Еурофарм Пелистер по третпат имаше предност од десет гола, 30:20, а потоа се беше рутина, да се зачува предноста и да дојде до победа и нови бодови.Најдобар стрелец на мечот беше Богдан Радивојевиќ со девет гола, со само еден промашен шут од 10 обиди, Дејан Манасков со седум гола.На овој меч, Еурофарм Пелистер во ростерот го доби и новото засилување Виктор Видомски кој дебитираше за „зелените“, а за прв пат на 16 години на голот застана , по повредите на двајца голмани од првиот тим. Голманот Никола Митревски запиша на овој натпревар 11 одбрани. 

Фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »