Press "Enter" to skip to content

Утре кошаркарите на Пелистер играат во Кипар, Дејвис верува во победа над Керавнос

Кошаркарите на Пелистер од Битола денес пристигна во Кипат, полни со самодоверба влегуваат во утрешниот натпревар од третото коло од ФИБА Европа купот, во кое „зелено-белите“ ќе му гостуваат на кипарскиот претставник Керавнос.

„Пелистерци“ имаат една победа и едно реми во првите две рунди, додека Керавнос во првите две рунди претрпе два двоцифрени порази (дома од Цедевита јуниор со 82:105 и на гостувањето против Приевидза со 82:68.

Без оглед на слабата форма на противникот, на сите во таборот на Пелистер им е јасно дека само со максимална борбеност и квалитетна игра во текот на сите 40 минути може да се стигне до позитивен резултат на утрешниот дуел во Никозија.

-Она што е клучно за нашата игра е енергијата, веќе покажавме дека ако излеземе на терен во вистинско светло, се бориме со колективна игра и во нападот и во одбраната можеме да стигнеме до позитивен резултат против секој ривал. Играме брза кошарка, имаме доволно оружја во нападот за да ја продолжиме серијата добри резултати од последниот период. Керавнос е тим што воглавно зависи од индивидуалниот настап на клучните играчи, за разлика од колективниот пристап на нашите претходни европски ривали. Тие се повеќе фокусирани на нападот отколку на одбраната, но верувам дека имаме се што е потребно за да одиграме квалитетен меч и да стигнеме до победата, изјави Кевин Брејси Дејвис, еден од американските кошаркари во таборот на Пелистер.