Какo што многу од нас знаеме октомври месец е посветен на ракот на дојката кај жените понекогаш и кај мажите, и е повод за собирање на финансиски средства со цел истражување, рано откривање и лечење како и можности за спречување на истиот за таа цел на 19. октомври во прекрасната сала на спортскиот центар “Илинден“ во Рокдаел се одржа еден голем донаторски настан за собирање на финансиски средства за фондацијата “Маграт“ (McGrath foundation) од Нов Јужен Велс.
Овој пат малку поспецифично, имено 15 години од далечната 2010 година кога за прв пат се одржа ваква акција по иницијатива на Лена Котевиќ и покровителство на црковната општина “Св. Петка“ од Рокдаел кога беше смртен случај на нејзина многу блиска роднина од Скопје која и самата била докторка починала од оваа тешка болест оставајќи три мали дечиња без мајка.
Меѓутоа Лена не беше сама во организирање на ваков настан цели 15 години со неа секогаш беше женската група при Македонската православна црква “Св. Петка“ од Рокдаел и управата на истата, фамилијата на Лена, како и многу бројните спонзори и помагатели. Секоја година настанот стануваше се поголем како и бројот на заинтересирани жени се зголемуваше заради тоа се јави потреба за поголема сала и беше решено да се размисли за поголема сала. Во последниве години настанот се одржува во спортскиот центар “Илинден“ во Рокдаел.
Минатата година со голем успех и и заинтересираност беа собрани добра сума а оваа година беа собрани многу повеќе. Имаше повеќе од 400 гости сите убави жени во поодминати години облечени во розева боја но овој пат имаше и доста млади. Салата изгледаше прекрасно како градина со разнобојни трендафили.
Џеки Трајковска ги престави почесните гости и топло ги поздрави сите присутни. Оваа година програмата ја отвори ќерката на Лена и Пита Котевиќ, Тања која им се заблагодари на сите и ги запозна накусо со историјата на настанот исто изрази благодарност и честитки до нејзината мајка Лена за нејзината голема посветеност и успешно организирање на настанот заедно со сите помагатели 15 години со ред. Потоа на бината се појавија докторката по потекло од Македонка познат хирург за канцериозни дојки од болницата во “Лизмо“ во Нов Јужен Велс која беше наградена со многу аплаузи таа заедно со нејзините колешки докторки за рак ни дадоа доста информаци за спречување на болеста или лечење во најрана фаза со редовно мамограмско снимање здрава храна помалку алхохол редовно вежбање пешачење и помалку стрес, со порака да се обидеме да го живееме животот секој ден како да е последен и кога сме во мака да не бидеме сами да побараме помош.
Следуваа и прашања од присутните на кои докторката Су и другите со задоволство даваа одговори.
За храната се погрижи Том Вангеловски со неговата група на готвачи кои го донираа јадењето како и многу од нас жените како и секогаш донесовме нешто зготвено од дома .
Треба да се спомне и дека оваа година “Маграт“ фондацијата славеше 20 години од постоењето. Трејси Бренан, директорка во фондацијата рече дека фондацијата ја финансираат околу 250 медицински сестри, посебно обучени за нега на заболени од рак на дојка после операција и слично исто таа нега од оваа година се проширува и кон пациенти заболени и од други видови на рак.
Пораката од д-р Су Веловски, на која треба да се гордееме и да бидеме благодарни на нејзината несебична помош и одделено време да биде со нас и меѓу нас секогаш, нагласи дека мамографските снимања се бесплатни и препорачливи од 40 годишна возраст, а за рак на дебелото црево од 45 годишна возраст понекогаш тестовите не можат да бидат точни 100% затоа ако забележиме некои промени или симптоми треба да се јавиме кај нашиот домашен лекар и ако не сме задоволни од некој лекар да си побараме друг.
Исто како дел од програмата настапи црковниот хор при црквата “Св. Петка“ со неколку убави песни. Исто и дует со Даниела попаѓата ангелски глас и Шон многу убаво ја испееја песната “Заветна“, а тоа беше преубав ден со дружење и збогатени со малку повеќе знаење за ракот на дојките и спречување на истиот со рана дијагноза .
Славица Марцевска, Сиднеј











