Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј утрешниот, првенствен, го прогласи за хуманитарен натпревар

„Хуманоста нема цена! Дојди, донирај, помогни“  е пораката која ОК Пелистер Волеј од Битола ја испраќа до своите поддржувачи и сограѓани, во знак и сеќавање и почит кон прерано починатата кошаркарска и спортска легенда на Битола, Зоран Петковски.

Одбојкарскиот женски прволигаш Пелистер Волеј од Битола објави дека натпреварот против Младост УГД од 4. коло од Првата лига жени, кој се игра на в сабота во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, поради големиот интерес, со почеток од 17:00 часот ќе биде од хуманитарен карактер

Во знак на сеќавање и почит кон прерано починатата кошаркарска и спортска легенда на Битола, Зоран Петковски, клубот одлучи сите сретства од продажбата на билетите за овој натпревар да бидат донирани на семејството Петковски како симболичен чин на солидарност.

Билетите се по симболична цена од 100 денари, а клубот ќе постави и два пункта за донации во салата „Боро Чурлевски“. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »