Press "Enter" to skip to content

Победа на кадетките на Топ гол на гостувањето во Тетово

Во рамките на 8 коло од Кадетската женска фудбалска лига, екипа на Топ гол оствари нова победа над екипата на Љуботен во Тетово. Со конечен резултат од 1:2 (0:2) на полувреме, ова е петта победа во низа во досегашниот дел од првенството за Топ гол.

Двоен стрелец за битолчанки беше Ј.Мицевска во 7. и 14. минута од натпреварот.

-Честитки за новата победа за девојките, оваа екипа има огромен потенцијал и секој натпревар играме се подобро и подобро, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.

За Топ гол настапија: Иломановска, Саитовска, Велјановска, Камбуровска, Л. Иломановска, Лисолајска, Саздовска, Мицевска, Талевска, Лозановска и Бошковска.

Следниот натпревар Топ гол ја пречекува екипата на Саса во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »